Top Sport

Монтеѕемоло: Новиот претседател на Ферари љубомори на мојот успех

Поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло смета дека сегашниот прв човек на славниот италијански тим, Серџо Маркионе љубомори на славното минато на тимот, кој под водство на Монтеѕемоло освои 19 титули.

Маркионе го смени Монтеѕемело во 2014 година на начин кој не може да се опише како „пријателски“, и оттогаш Скудерија нема освоено титула.

„Жал ми е да видам како Маркионе е љубоморен на минтото. Ова е лошо за Ферари, бидејќи ако љубомориш на минатото значи дека имаш чудни работи во умот. Јас сум горд од успехот кој го направивме, јас, Михаел Шумахер, Рос Браун, Жан Тод… Никогаш нема да го заборавам тоа. Секако, Ферари останува тука и се надевам дека набргу ќе можат да победуваат, бидејќи тоа е важно за тимот, но и за сите во Ф1. Уште сум во контакт со неколку луѓе таму, но по 24 години, беше доволно што победував со Михаел, со Кими, со Ники Лауда. 19 титули се доволни“, вели Монтеѕемоло.

Scroll to Top