Top Sport

Монтеземоло сакал да го види Хамилтон во Ферари

Поранешниот претседател на Ферари Лука Монтеземоло не крие дека би сакал да го види Луис Хамилтон зад воланот на црвениот болид.

Хамилтон, во неделата, ја прослави шестата шампионска титула во Формула 1. На вечната листа пред него е само Михаел Шумахер со седум титули.

„Неверојатно е како се приспособува на потребите на патеката. Многу е брз, знае како да ги користи гумите и болидот. Лично би сакал да го видам во Ферари“, рекол Монтеземоло.

Поранешниот претседател на Ферари бил импресиониран што знаел да победува и кога немал најдобар болид, а како пример ја навел 2018 година.

„Минатата година беше прв иако на неколку трки немаше најдобар болид. Сигурно е дека е меѓу најдобрите на сите времиња тој е на нивото на Лауда, Шумахер, Сена, Кларк…“.

Хамилтон со 87 пол-позиции во кариерата е апсолутен рекордер, а му недостигаат осум победи за да го стигне рекордот на Шумахер според бројот на победи.

Scroll to Top