Top Sport

Монтоја: Кубица во Вилијамс? Смешки

Додека голем број на Ф1 фанови едвај чекаат да дознаат дали талентираниот Роберт Кубица ќе го комплетира неверојатниот кам-бек и ќе вози за тимот на Вилијамс следната година, поранешниот возач на англискиот тим, Хуан Пабло Монтоја вели дека ситуацијата е „смешна“.

32-годишниот Кубица тестираше со Вилијамс и работеше на симулаторот и најверојатно ќе добие шанса на завршниот тест во Абу Даби, но Монтоја не верува во таков кам-бек. Полјакот има лимитирано движење на левата рака по страшниот судир на рели трка во Италија во 2011 година.

„Искрено, тоа е смешка. Сигурен сум дека Роберт не е 100 отсто подготвен да вози Формула 1 болид до лимитот“, изјави Монтоја, кој победи седум пати за Вилијамс од 2001 до 2004 година.

Ко-основачот на Вилијамс, Патрик Хед не мисли така и вели дека Полјакот уште може да е важен возач.

„Роберт беше еден од најдобрите возачи во последните десетина години. Само тој знае колку е подготвен. Вилијамс сакаат да дознаат каква е ситуацијата, и ако тој може да издржи физички, тој е многу добар избор за возач“, вели Хед.

Scroll to Top