Top Sport

Монтоја: Не отидов во Ферари поради Шумахер

Поранешниот колумбиски Ф1 возач, Хуан Пабло Монтоја признава дека пропуштил шанса да вози за славниот италијански тим Ферари, но дека едноставно не бил подготвен да оди во тим каде што е седумкратниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер.

Монтоја во 95 трки во кариерата за Вилијамс и Мекларен оствари седум победи и 30 подиуми, но не доби шанса да се бори за титулата, по што направи успешна кариера во Индикар, двапати победувајќи на славната Индијанаполис 500 трка.

„Да не беше Михаел во Ферари, ќе размислев за договор со Ферари, бидејќи се работи за толку голем тим. Но, тогаш Шумахер беше број 1 во тимот и навистина не сакав да бидам возач број два“, вели Монтоја во интервју за колумбиската ТВ.

Тој тогаш заврши во Мекларен, како партнер на младиот Кими Раиконен, но признава дека ниту со него немал добри односи.

„Немаше некои големи проблеми, но беше тешко да се воспостави добар однос со Кими. Тој не сакаше да се отвори, така што сите работи околу нас беше вештачко. Кога заминаво Мекларен, Формула 1 беше завршен спорт за мене и се решив да останам во САД“, додава Монтоја.

Scroll to Top