Оваа година, најголемата продажно – сервисна мрежа за гуми во Македонија одбележува јубилеј – 25 години континуирана и активна работа.

“Мотоцентар“ ја започнува деловната активност со основна дејност: продажба и третман на пневматици.

Следењето на трендовите и почитувањето на локалните услови, на домашниот пазар се постулатите со кои “Мотоцентар“ работи во правец на третман на клиентите и корисниците на услуги, пред сè, преку изборот и унапредувањето на вистинските луѓе и професионалци кои се ангажирани во компанијата.

Денес, со сопствена продажно – сервисна мрежа, “Мотоцентар“ е присутен на 8 локации, во 5 градови низ Македонија, каде редовно работат повеќе од 100 вработени.

Како општествено – одговорна компанија одржува долгогодишно пријателство со Специјалната Олимпијада на Македонија и со моментално најдобриот македонски тркач со спортски автомобили, Игор Стефановски – Иџе.

Веќе неколку години по ред, “Мотоцентар“ соработува и со Меѓународната Асоцијација “ДФЦЦА“ (DFCCA – Drive for colon cancer awareness) со која, по повод одбележувањето на јубилејот “25 Години Мотоцентар“ беше реализирана хуманитарна акција.

Во рамки на настанот, во организација на “Мотоцентар“, се одржа и првата изложба во Македонија на модели од најуспешното произведено возило во светот – “Порше 911 Карера“.