Top Sport

Мотоциклистот Берто за влакно избегна сигурна смрт (видео)

Бразилскиот Супербајк мотоциклист, Данило Берто за влакно си го спаси животот по бизарниот инцидент на стартот на трката на славната патека Интерлагос покрај Сао Пауло.

Бразилецот не успеа да го контролира својот мотоцикл откако го „крена“ на едно тркало, по што за среќа бргу стана на нозе и избега од друг мотоцикл кој профучи покрај него. Секоја чест на рефлексите, но на крајот тој остана со скршеница на десната нога и заврши во болница.

Сепак, Берто вели дека несреќата се случила поради мотоциклот кој не го познавал, но додава дека Господ бил на негова страна.

„Тоа беше навистина несреќно, но вината беше кај мене. Стартував како и секогаш, но не го познавав добро мотоциклот кој го користев. Му благодарам на Бога што завршив на таа страна на патеката, а не во средината на патеката. Сигурно ќе го загубев животот“, вели Берто за локалните медиуми.

Scroll to Top