Top Sport

Моторот на Астон Мартин во болидот на Ред Бул од 2021 година

Неколку тимови што се натпреваруваат во шампионатот на Формула 1 покажале интерес за соработка со Астон Мартин. Оваа компанија во иднина размислува да започне да снабдува со мотори одредени тимови.

Астон Мартин од наредната сезона ќе го спонзорира Ред Бул, но од 2021 година кога во сила ќе стапат новите правила што ќе ги ограничат трошоците, кои би можеле да влијаат врз одлуката компанијата да им ги понуди своите мотори на некои тимови.

Британскиот производител на спортски автомобили веќе го започна својот Формула 1-проект така што во својот тим ги донесе поранешните шефови на Ферари, Јерген Рос и Лука Марморини.

Јасно е дека доколку Астон Мартин реши да влезе и со своите мотори во Формула 1 дека прв на листата на тимови што би ги користеле агрегатите би бил Ред Бул. Доколку се случи тоа, тогаш логичен потег би бил моторите на Астон Мартин да ги користи и помладиот брат на Ред Бул, Торо Росо.

Scroll to Top