Првиот голем потег по поставувањето на Матија Биното за шеф на тимот на Ферари е промена на тркачките тимови кои ги имаат возачите на Скудерија.
Според италијанските медиуми, целиот тим на Себастијан Фетел ќе биде преместен на другата страна на гаражата, кај новиот возач Шарл Леклер. Возачот од Монако ќе биде надгледуван од главниот инженер на Ферари за перформанси, Џок Клир, кој има огромно искуство бидејќи прво го предводеше Жак Вилнев до светската титула со Вилијамс во 1997, пред да работи со Михаел Шумахер, Нико Розберг и Луис Хамилтон во Мерцедес.
Фетел, сепак, ќе го заддржи тркачкиот инженер, Рикардо Адамо, со кого работи од 2015 година, како и инженерите за моторот кои работеа со него. Менувањето на тркачките тимови не е необично за Ф1, откако во последните неколку години ротација направија луѓето во Мерцедес.
Покрај оваа промена, Биното го постави поранешниот директор за безбедност на ФИА, Лорен Мекис како одговорен за интерпретација на спортските и техничките регулативи.