Објавени се добитниците на најпосакуваната европска автомобилска награда! Читателите и новинарите од AUTO BILD и BILD am SONNTAG ги избраа најдобрите автомобили за оваа година. Вкупно дванаесет награди „Златен Волан“ беа доделени во повеќе категории во кои моделите од групацијата на Volkswagen ги освоија главните награди: Мал и Компактен автомобил, Мал и Компактен Електричен автомобил, SUV, Електричен SUV и Средна и Висока класа.
Доделувањето на наградите се одржа на гала вечер со високи претставници и познати личности од автомобилската индустрија, медиумите и политиката во куќата на Аксел Спрингер во Берлин.
Добитници на Златен волан 2021 година:
➤ Мал и Компактен автомобил: Cupra Leon
➤ Мал и Компактен Електричен автомобил: Cupra Born
➤ Средна и Висока класа: Porsche Panamera
➤ SUV: Cupra Formentor
➤ Електричен SUV: Škoda Enyaq iV
➤ Најубав автомобил: Audi e-tron GT
Во осумте класи на возила, победниците беа одредени во три фази: Во фаза 1, редакцијата однапред ги избра кандидатите достапни за избор.
Читателите на AUTO BILD и BILD am SONNTAG потоа ги избраа своите најдобри 3 фаворити во осумте класи на возила во втората фаза.
Трите модели со најмногу гласови во секоја од осумте класи се квалификуваа за финалето на DEKRA Lausitzring на почетокот на октомври. На тест патека, жирито од експерти – составено од докажани авто експерти (главни уредници, дизајнери на автомобили, познати личности кои сакаат автомобили, техничари, експерти и тркачки возачи) – ги испитаа сите кандидати според критериуми засновани на шемата за тестирање AUTO BILD.
Покрај златната награда во осумте класи на возила, се додели и „Златен Волан“ за најубав автомобил, чиј избор е 100% на читателите.