Top Sport

Најлошото деби во историјата на Формула 1

Рускиот возач, Никита Мазепин, имаше кошмарно деби во Формула 1. Во болидот на Хас, Големата награда на Бахреин, Мазепин, ја заврши во третата кривина. Многумина ова го нарекоа најлошоти деби во историјата на Формула 1.

Овој 21-годишник не е непознат во авто-мото спортот, беше тест возач во Форс Индија (сега Астон Мартин), а возеше и во Формула 2. Познат е и по разните глупости што ги правеше пред почетокот на сезоната.

Сепка мислењата на оние кои добро го познаваат овој спорт е дека Никита, вози во Формула 1, само поради неговиот татко.

Постариот Мазепин преку својата компанија „Уралкали“, го спонзорира Хас со 20 милиони долари.

„Ова момче едноставно не припаѓа овде“, рекол коментирајќи ја трката за финдката телевизија, проанешниот возач Мика Сало.

Scroll to Top