Top Sport

Најсмешните моменти на Кими во Ферари (видео)

Денеска од Ферари го потврдија составот за 2019 година и таму недостасува Кими Раиконен! Џабе беше петицијата на неговите фанови да го задржат Финецот во Скудерија, откако италијанскиот тим се реши за младоста – го замени 38-годишниот Кими со 20-годишниот Шарл Леклер.

Сепак, Ф1 авантурата на „Ајсмен“ не завршува, тој ќе вози во тимот на Заубер во следните две сезони.

Официјалниот Твитер профил на Формула 1, убаво не потсети на дел од најсмешните моменти на Кими во Ферари – како моментот кога го заборави воланот, кога се чудеше зошто Ботас е пред него, а тој постојано водеше, и незгодната средба со актерката Никол Кидман.

Scroll to Top