Top Sport

Накагами ја продолжи верноста кон ЛЦР Хонда

Единствениот јапонски возач во „кралската класа“, во Мото ГП, Такаки Накагами го продолжи договорот со ЛЦР Хонда. Новиот договор е повеќе годиешн и тој ќе биде активиран во 2021 година.

„Среќен сум што ќе продолжам да возам за ЛЦР Хонда и по 2021 година. Му благодарам на тимот за поддршката и можноста што ми ја дадоа сезонава да го покажам потенцијалот. Сакам повеќе успеси со Хонда“, рекол Накагами.

28-годишноот Јапонец кариерата ја започна во Мото 2, во 2012 година. Шест години подоцна се пресели во „кралската класа“.

Накагами има освоено поени на секоја од десетте трки оваа сезона. Тој се наоѓа на петтото место во генералниот пласман.

Scroll to Top