Поранешниот Формула 1 шампион, Кими Раиконен немаше многу среќа во своето деби во НАСКАР купот, откако излета по половина трка по ветувчки старт. Финскиот ветеран, кој пред 11 години при неговат пауза од Ф1 возеше во пониските НАСКАР категории, се квалификуваше на 27. место за трката во Воткис Глен со неговиот „Трекхаус рејсинг“ автомобил.
Трката започна на гуми за дожд, и Раиконен по четири круга беше во топ 20, а шест круга подоцна влезе во топ 15 кога патеката почна да се суши. 42-годишниот Раиконен стигна и до осмото место, пред да мора да влезе во боксот и да падне на 28. место. Неговата трка заврши во 45. круг, кога беше истуркан од патеката во бариерата.
„Имав добра линија на влегување, но бев истуркан. Не можев да направам ништо“, вели поранешниот возач на Ферари, Мекларен и Рено.
Unfortunately, our race is over. What a bummer way to end a strong day.
— PROJECT91 (@THProject91) August 21, 2022