Top Sport

НАСКАР се враќа со седум трки во 11 дена!

Додека уште не е јасно кога и дали ќе започне Формула 1 шампионатот, најпопуларната американска тркачка серија НАСКАР откри план за враќање во мај со неверојатни седум трки во 11 дена во Дарлингтон и Шарлот овој месец.

Првата трка ќе се оддржи во недела на 17 мај во Дарлингтон со трката од 400 милји од Куп серијата, а два дена подоцна на истата патека ќе се вози Ексфинити серија, а третата трка, повторно од Куп серијата би се оддржала под рефлектори на 20 мај. Серијата потоа се сели во Шарлот, каде што би имало четири дена тркање од 24 до 27 мај, почнувајќи со Кока-Кола 600, една од најпопуларните трки во серијата.

Трките ќе се оддржуваат без публика и со почитување на сите безбедносни мерки од лекарите на шампионатот.

Scroll to Top