Top Sport

Не може без оган – француските пожарникари со порака за Роман Грожан

Роман Грожан едноставно не може да избега од огнот. Поранешниот Ф1 возач минатата година имаше неверојатно избегнување од огнена смрт на Бахреин ГП трката, а во неделата повторно имаше средба со огнот на втората трка од Индикар шампионатот во Детроит.

Тој мораше да го сопре својот болид од тимот на Дејл Којн-Рик Вер рејсинг, откако му се запалија сопирачките, и иако инцидентот не беше драматичен како тој од пред седум месеци, Французинот излезе од болидот и потоа побара апарат за гаснење пожар за да помогне на маршалите.

По ова „Помпиер де Франс“, асоцијацијата на Француските пожарникари преку Твитер му порача да се пријави како доброволец.

„Роман, ако сакаш да станеш волонтер, дојди во најблиската пожарникарска станица. Таму ќе ти посакаме добредојде, очигледно ги имаш потребните вештини, а исто така си огноотпорен“, напишаа пожарникарите.

Scroll to Top