По јавната изјава на Марк Маркез дека сак да се „смири“ со Валентино Роси, италијанскиот ветеран изјави дека „нема проблеми“ со Шпанецот, но потоа одби да се ракува со возачот на Хонда.
Запрашан дали го гледал интервјуто на Маркез во кое тој изјавува дека сака мир со него, Роси одговори кратко и јасно.
„Го слушнав тоа, но не знам. Малку е чудно, бидејќи навистина нема проблем меѓу мене и Марк. Зошто би требало да се смириме? За мене е океј“, изјави Роси на прес-конференцијата пред Сан Марино ГП трката.
По ова, двајцата беа запрашани дали се подготвени да се ракуваат и Маркез му понуди рака на Роси, но „Докторот“ остана со скрстени раце и одмавна со главата.
„Не мора да се ракуваме, океј сме. Немаме проблеми“, изјави Роси.
What happened today ❗?#Rossi – #Marquez rivalry ?
What do you think about? pic.twitter.com/p8AAujyYDE— Samuele Fassino (@samu_fassiF1) September 6, 2018