Top Sport

Нема шанси Мерцедес да им дадат мотори на Ред бул

Шефот на Мерцедес, Тото Волф вели дека поради „многу причини“ не е возможно германската компанија да ги снабдува ривалите од Ред бул рејсинг со мотори, по одлуката на Хонда да се повлече од Формула 1 на крајот на сезоната 2021.

Моторите на Мерцедес доминираат во В6 турбо-хибриднат ера и постојано се најсилни во последните шест години, но Ред бул нема да бидат еден од тимовите кои ќе ги добијат без разлика на цената.

„Не, нема да им даваме мотори. Поради различни причини, но главната е што од 2021 година ќе снабдуваме четири тимови. Едвај сме во можност да ги обезбедиме моторите за сите, така што нема капацитет за уште еден или два тима. Сигурен сум дека Хелмут Марко има план Б и не мора да смета на нас“, вели Волф.

Во исто време, шефот на Ферари, Матија Биното вели дека неговата компанија е отворена за соработка со Ред бул и со сестринскиот тим Алфа Таури.

„Во моментов не размислуваме за тоа, но ако има потреба ќе почнеме. Прво, Ред бул би требало да го побараат тоа од нас. Се работи за силен тим, така што е потребна голема енергија да сте нивни партнери. Засега ние немаме позиција за нивниот проблем“, вели Биното.

Scroll to Top