Top Sport

Ни Фелипе Маса не сака да живее во Сао Пауло

Фелипе Маса се подготвува за последната домашна трка во долгата Ф1 кариера, во неговиот роден град Сао Пауло, но признава дека нема да се врати да живее таму со неговото семејство, најмногу поради високиот степен на криминал и насилство.

Сао Пауло повторно доби негативен имиџ откако членови на тимот на Мерцедес беа нападнати при заминувањето од патеката Интерлагос, во уште една реприза на насилство над членовите на Ф1 заедницата.

„Тажно е не само за тие кои го имаат проблем, туку за сите Бразилци. Но, тоа само покажува колку оваа земја треба да се развие. Сепак, тоа не е причина да нема трка во Бразил. Се тркаме во Месико, се тркавме во Индија, и не знам дали тука е поопасно него таму. Треба само подобро обезбедување“, вели Маса.

Возачот на Вилијамс, кој во кариерата има 267 ГП трки, сепак, нема да се врати со синот Фелипињо и сопругата Ана Рафаела во својот роден град.

„Го сакам Бразил, но засега нема да се вратам да живеам таму. Мојот син учи во Монако, зборува три јазици и тоа е важно за неговата иднина. Можеби во иднина ќе се вратам во подобар и посигурен Бразил“, вели Маса.

Scroll to Top