Светскиот шампион во Ф1 од 2016 година, Нико Розберг нема да биде во боксот на Азербејџанското ГП, но и на следната трка во Барселона, откако сопствениците „Либерти медија“ му дале суспензија од две трки.
Германецот е ТВ-коментатор за германската и британската телевизија, но на Кинеското ГП направил голем прекршок – ја дал својата лична пропусница за трката на неговиот камерман, нешто што е стриктно забрането.
Според холандскиот портал „Формуле 1“, луѓето од Формула 1 менаџментот (ФОМ) го отстраниле пријателот на Розберг од боксот, по што му дале казна од два викенда на Розберг, кој ќе се врати на своето работно место за Монако ГП трката.