Top Sport

Нирбургринг блиску до кам-бек во Формула 1

Легендарната германска патека Нирбургринг може да се врати на Ф1 календарот во 2019 година, откако поради финансиски проблеми и промена на сопствениците на патеката таму нема Ф1 од 2013 година.

Мирко Маркфорт стана извршен директор на патеката во март 2016 година, по што направи детален план за враќање во шампионатот, а сега може да ја искористи желбата на новите сопственици на Ф1, „Либерти медија“ за задржување на европското „срце“ на Ф1 трките, со враќањето на Француското ГП оваа година првпат од 2008.

Германското ГП првично беше договорено да се менува на една година меѓу Хокенхајм и Нирнбургринг.

„Навистина би сакале да имаме Формула 1 на Нирбургринг во 2019 година, а тоа ќе биде можно ако ги земеме во предвид економските услови. Имаме преговори со ‘Либерти’ и се надеваме дека ќе имаме позитивен одговор“, вели Маркфорт за „Аутоспорт“.

Нирбургринг во минатото имаше 40 ГП трки, од кои првата во 1951 година на застрашувачката „Нордшлајфе“ патека. По инцидентот на Ники Лауда кога неговиот болид се запали во 1976 година, трката беше остранета од календарот, но се врати на скратената патека во 1984/85, а потоа конечно во 1995 година по успехот на Михаел Шумахер.

Scroll to Top