Белгиецот Тјери Нојвил победи на последната рунда од Светскиот рели шампионат (ВРЦ), откако неговиот најблизок ривал, Јари-Мати Латвала излета од второто место на последната етапа на Австралиското рели.
Нојвил со своето Хјундаи го победи От Танак (М-Спорт Форд), кој го презеде второто место по грешката на Латвала, за 22.5 секунди за своја четврта победа оваа сезона. Колегата на Нојвил, Андреас Микелсен водеше пред последниот ден од релито, победувајќи на пет од првите шест етапи, но шансата да ја повтори победата од 2016 завршија во саботата кога доби двојна дупната гума, а со себе имаше само една резервна гума и го заврши релито.
Новозеланѓанецот Хајден Педон го освои третото место, за само трет подиум во 2017, додека Себастиен Ожие, кој ја запечати петтата ВРЦ титула во низа на претпоследното рели во Нов Зеланд беше далеку на четвртото место, но го совлада колегата од М-Спорт, Танак за максимални поени на „пауер“ етапата.
? @JariMattiWRC SS21 (Powerstage) #RallyAustralia #WRC pic.twitter.com/rAzXNWjR5x
— WRC (@OfficialWRC) November 19, 2017