Top Sport

Норис: Во иста машина, јас би го предизвикал Ферстапен

Возачот на Мекларен, Лендо Норис е сигурен дека би бил сериозен конкурент на Макс Ферстапен доколку двајцата имаат ист болид во иднина.

Асот на Ред бул Ферстапен и Норис се меѓу најдобрите возачи во сезоната 2021 – Ферстапен е лидер во генерален пласман со 18 поени предност пред Луис Хамилтон во Мерцедес, додека Норис е единствениот возач кој досега на сите трки освои поени, а двапати беше и на подиумот. Сепак, неговиот Мекларен не може да се „носи“ со Ред бул и Мерцедес и Британецот вели дека би било интересно да се види како би се однесувале во иста машинерија.

„100 отсто верувам дека би го предизвикал Макс. Има многу сценарија и ситуации каде што искуството е важно и тој можеби би имал предност, како еден од најдобрите во историјата на спортот. Мислам дека го покажа тоа со дебитирањето на 16 години. Ние работиме напорно на нашиот болид и затоа доаѓаат овие резултати. Кога ја возиш својата трета сезона во Ф1 веќе нема каде да се криеш и да бараш изговори, вели Норис.

Scroll to Top