Top Sport

Нов тим во Ф1: Алфа Ромео Заубер

Италијанскиот автомобилски гигант Алфа Ромео од наредната сезона повторно ќе учествува во шампионатот на Формула 1 откако ја официјализира соработката со Заубер.

Алфа Ромео по 33 години се враќа во „најбрзиот циркус“, а враќањето на овој гигант значи дека ќе биде формиран нов тим Алфа Ромео Заубер, на чиј болид, кој ќе го движи мотор на Ферари, ќе биде логото на Алфа Ромео.

Заубер сè уште не открива кои возачи ќе го преставуваат тимот во сезоната 2018 година, но откако ги засили врските со Ферари, се претпоставува дека тоа ќе бидат младите таленти Чарлс Леклерк и Антонио Џовинаци.

Алфа Ромео беше доминантен тим во Формула 1, кога почна ова натпреварување во 1950 година. Тогаш за Алфа возеа Џузепе Фарина и Хуан Мануел Фанџо.

Во шампионатот на Формула 1 Алфа Ромео се натпреваруваше до 1985 година и во тој период возачите освоиле две шампионски титули, при тоа забележале 10 победи и освоиле 12 пол позиции на 110 трки.

Scroll to Top