Шкотскиот супербајк возач Адам Лајон го загуби животот при пад на Суперспорт 1 натпреварувањето на Ајл оф Мен ТТ трката, една од најопасните мотоциклистички трки во историјата.
26-годишниот Лајон дебитираше во трката и падна по 28 милји од третиот круг на патеката. Ова е втора смрт на трката оваа година, откако локалниот супербајк возач Ден Нин го загуби животот во средата при инцидент на квалификациите. Уште еден возач, Стив Мерсер заврши во болница со тешки повреди откако се судри со возило на организаторите веднаш по инцидентот на Нин.
ТТ трките на островот Мен меѓу Велика Британија и Ирска се одржуваат од 1907 година, и речиси секоја година има по некој трагичен настан. За да добиете претстава за каква трка се работи и за какви „лудаци“ зборуваме, погледнете ја компилацијата подолу.