Top Sport

Новиот болид на Ред бул е „бонбона“ дури и со „хејло“ (галерија+видео)

Нова сезона, големи амбиции. Тоа како да е мотото на тимот на Ред бул, кој го презентираше својот нов впечатлив болид, РБ14 со нови бои и со одличен изглед, иако е привремен.

Тимот кој по партнерството со Астон Мартин сега се нарекува Астон Мартин-Ред бул-Таг хојер, својата постојана шасија ќе ја покаже на тестирањето во Барселона. Сепак, невообичаениот дизајн, кој мора да ги задоволи вљубениците во Ф1, останува, а амбициите за борба со Мерцедес и Ферари (а можеби и Мекларен) за победи на секоја трка.

Оваа сезона најголемо внимание на болидите секако ќе биде „ореолот“ или „хејло“, системот за заштита на главата и вратот на возачите, и која доаѓа над главата на возачот, но големи промени во аеродинамичките правила не постојат, и затоа Ред бул рано оди со промоција.

Ред бул РБ14 повозе неколку кругови на патеката Силверстоун, со Даниел Рикјардо во водство на сесијата за снимање на реклами.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');