Луис Хамилтон го предводеше својот колега Валтери Ботас за 1-2 најдобро време на тренинзите пред Австриското ГП овој викенд, покажувајќи дека новиот подобрен „пакет“ на Мерцедес е вистински погодок.
Актуелниот светски шампион рано постави време од 1:04.579 за да остане најбрз во текот на целата сесија, додека неговиот колега Ботас беше на 0.176 секунди пред Британецот.
Себастијан Фетел во Ферари беше трет најбрз, со вкупно 0.236 секунди зад Хамилтон, по што следуваше дуото на Ред бул, Даниел Рикардо и Макс Ферстапен, а Кими Раиконен беше најспор од возачите на големата „тројка“ на шестото место, откако имаше мака со ултра-меките гуми на Пирели.
Возачите на Хас, Роман Грожан и Кевин Магнусен беа најбрзи од остатокот на тимовите, пред Пјер Гасли во Торо росо, иако тој излета од патеката во финишот на сесијата. Десетти беше Штофел Фандорне о Мекларен, пред Карлос Саинс Јуниор (Рено) и Шарл Леклер (Заубер).
Фото: ЕПА
Two in a row for @LewisHamilton and @ValtteriBottas in Spielberg
But Ferrari and Red Bull aren’t far behind…#AustrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/yEZewKpO5f
— Formula 1 (@F1) June 29, 2018