Новите американски газди на Формула 1, „Либерти медија“ најавија голем број на промени во спортот, од кои една најверојатно ќе биде менување на традиционалното време на старт на трките веќе од новата сезона.
Според повеќе извори, „Либерти“ планира да ги помести сите стартни времиња за еден час, поточно трката би почнувала во 15.10 часот наместо во 14 часот како досега за да се добие подобар ТВ-рејтинг. Ова е „традиција“ која трае со децении во Формула 1.
Поместувањето од 10 минути би било воведено за да се добијат американските ТВ-гледачи и да се даде шанса во тие минути да има повеќе реклами.
Од тимовите засега не ја коментираат ситуацијата, но по промените на деловите 32 и 33 од спортските правила на Формула 1, веќе нема стриктно време за оддржување на трките.
Промената на стартните времиња би се вовеле само за трките во „нормален“ термин, додека Сингапур и Бахреин би имале ноќни трки, а Абу Даби би останале со трката која почнува во самрак.
Француското ГП пак, може да донесе уште едно одложување од еден час – 16.10 часот, за да се избегне директен судир со мечот меѓу Англија и Панама на Светското првенство во Русија, кое почнува во 14.00 часот.