Top Sport

Од идната сезона нова предизвикувачка патека во Формула 1, во Холандија (видео)

Неодамна заврши сезоната во Формула 1 (Британецот Луис Хамилтон од „Мерцедес“ е старо-нов шампион во Ф1), последната трка се возеше во Абу Даби, а тимовите веднаш ги започнаа подготовките за идната сезона.

Информациите се дека првпат по 1985 година, Ф1 циркусот повторно се враќа во Холандија, на патеката „Зандворт“ на чија изградба интензивно се работи.

Познавачите на приликите велат дека недостасуваат уште два дополнителни свиока и се работи на зголемување на капацитетот на места за забава покрај патеката.

„Со овие надградби и модификации на „Зандворт“ ќе биде најпредизвикувачката и најубава патека во Европа, а можеби и во светот“ изјави директорот на Гран-при Холандија, Јан Ламерс.

Распоредот вели дека трката за Големата награда на Холандија ќе се вози на 3. мај идната година.

Погледнете како изгледа симулираното возење на „Зандворт“:

Scroll to Top