Top Sport

Од Ред бул порачуваат: Хамилтон не може да вози на ова ниво уште долго

Хелмут Марко, советникот на Ред бул рејсинг и десна рака на газдата Дитрих Матешиц, смета дека Луис Хамилтон е на врвот на своите способности, но дека нема да може да го заддржи тоа ниво уште долго, најавувајќи доминација на неговиот возач, Макс Ферстапен.

Марко, кој му беше ментор на Ферстапен, и беше човекот кој реши да му го даде дебито во Ф1 на само 17 години во 2015 година, признава дека седумкратниот шампион Хамилтон е фантастичен возач, но посочува дека во јануари тој наполни 37 години и ќе следува природниот „пад“ од височините.

„Хамилтон имаше неверојатен втор дел од сезоната во 2021. Не можам да замислам дека може да вози на тоа ниво уште долго. Ова е неговиот зенит, и сега полека годините ќе си го направат своето. Макс од друга страна, сега, откако стана шампион ќе биде уште посилен“, вели 78-годишниот Марко во интервју за австриските медиуми.

Scroll to Top