Top Sport

Одморот одлично искористен – Леклер десет дена со автомобил во Калифорнија

Новиот возач на Ферари, Шарл Леклер го искористи долгиот летен одмор на Ф1 возачите за 10-дневна авантура низ автопатите во Калифорнија.

Со фантастичното Ферари Портофино под нозе, возачот од Монте Карло пги наполни батериите пред враќањето во акција следниот викенд на класичното Белгиско ГП во Спа Франкоршамп.

Додека тој се релаксираше, неговиот шеф Матија Биното го пофали за „многу позитивната“ прва половина од сезоната, во која иако не ја оствари првата победа во кариерата откако беше блиску во Бахреин и Австрија, имаше пет пласмани на подиумот.

„Мислам дека е позитивно да се види како Шарл расте. Имаше многу очекувања, голем притисок на него, бидејќи кога возиш Ферари, возиш Ферари. Тој е вистински талент, но најдобро е што учи од своите грешки и станува подобар. Знаевме дека се работи за талентиран возач, но мислам дека може да биде уште подобар“, вели Биното.

Scroll to Top