По една сезона надвор од Формула 1, Естебан Окон се враќа во спортот и тоа како возач на Рено откако помина една сезона како резервен возач на Мерцедес, признавајќи дека неговиот стар тим е супериорен во денешниот спорт.
„Во Формула 1 секогаш се важни деталите и јасно е дека Мерцедес сега е подобар од Рено во речиси сè. Тоа мора да има смисла бидејќи не се освојуваат шест титули во низа така лесно. Меѓутоа, сега сум возач на Рено и ќе работам да го вратам Рено на врвот во Формула 1. Мораме да останеме смирени и да одиме на четвртото место, кое е реалност. Ја немаме брзината за топ 3, но ќе стигнеме таму“, вели Окон во интервју за магазинот „Џи кју“.
Рено имаше лоша сезона 2019, во која го загубија четвртото место во шампионатот од Мекларен, и се надеваат дека со помош на талентираниот Французин ќе имаат подобар пласман.