Top Sport

Опасен инцидент во Спа – тркалото на Џовинаци „леташе“ кон Расел

Иако со безбедносните правила во Формула 1, тркалата на болидите се „закачени“ за шасијата на болидите, инцидентот на Белгиското ГП покажува колку може да биде опасна ситуација кога ова правило „потфрли“.

Антонио Џовинаци во Алфа Ромео ја загуби контролата на болидот во 11. круг, и откако се удри во ѕидот, неговото тркало излета на патеката пред возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, кој за среќа помина без поголеми последици. Кими Раиконен зад нив исто така за малку ќе беше во аут.

Scroll to Top