Top Sport

Опасна закана – бесилка во гаражата на Буба Валас

Во гаражата на Буба Валас, единствениот афро-американец кој вози во НАСКАР, во текот на подготовките за трката во Таладега, била пронајдена бесилка. Овој чин кој предизвикал шок кај челниците на НАСКАР е протолкуван како расистичка закана.

Валас пред помалку од две седмици успеа во својата намера знамето на Конфедерацијата да биде исфрлена од патеките и останатите објекти. Сомнежите се дека тоа била причината за ваквата закана.

„Исклучително сум тажен поради ваквиот чин на расизам. Ова е потсетник дека мораме да се бориме против оваа болест. Неопходно е да бидеме упорни во нашата борба“, напишал Валас.

За потсетување речиси еден месец во САД се случуваат протести поради убиството на афро-американецот Џорџ Флојд.

Scroll to Top