Top Sport

Оскар Пјастри е новиот Формула 3 шампион

Австралискиот јуниор на Рено, Оскар Пјастри е крунисан за шампион во Формула 3 шампионатот на последната трка од сезона во Муџело, со само три поени предност пред Американецот Логан Сарџент додека Лајам Лосон е победник на последната трка.

Двојката на Према, Пјастри и Сарџент беа израмнети на поени пред последната трка, додека трет беше Французинот Тео Пуршер од АРТ.

Трката почна со драма во првиот круг кога Себастијан Фернандез се обиде да го претекне јуниорот на Ред бул, Лосон, излетувајќи од патеката и враќајќи се пред Сарџент и Германецот Љирим Зендели кои излетаа и ја завршија трката. Ова значеше дека само Пуршер остана ривал на 19-годишниот Пјастри за титулата.  Пуршер успеа да стигне до третото место, но седмото место на Пјастри беше доволно за титулата.

Пјастри ја заврши сезоната со две победи, три втори места и едно трето место.

Scroll to Top