Top Sport

Овој рели навивач имаше неверојатна среќа што остана жив (видео)

Гледањето на рели трки секогаш носи огромна возбуда кај гледачите, кои ги гледаат вештите возачи како возат „лудачки“ при тешки услови. Но, секогаш мора да се внимава – тоа секогаш ќе го памети еден навивач на Германското рели овој викенд.

Снимката покажува како еден од навивачите губи рамнотежа и паѓа преку оградата на патот, за среќа на само неколку метри од возачот на Ситроен, Мадс Остберг.

„Овој човек имаше среќа. На тоа место возев 150 км/ч и на крајот бев на можеби еден метар или помалку од него. Да паднеше половина секунда подоцна, немаше шанси да го избегнам. Затоа, внимавајте“, вели Остберг.

Scroll to Top