Светскиот шампион Себастиен Ожие останува лидер на Монте Карло релито, но со предност од само 14.9 секунди пред Естонецот От Танак, откако направи голема грешка во попладневните етапи.
Танак веќе „скрати“ шест секунди од предноста на Ожие на првата попладневна етапа, но силниот дожд му донесе предност на Ожие на следната етапа. Но, Ожие на излегување од една кривина влета во дупка, по што со помош на гледачите се врати на патот и загуби околу половина минута.
Со ова, Танак (Тојота) дојде на 19 секунди од водството и ја доби последната етапа со 4 секунди за да ја „заплетка“ ситуацијата во генерален пласман. Дани Сордо останува трет во Хјундаи пред Есапека Лапи, додека Јари-Мати Латвала е на петтото место.