Top Sport

„Падот“ во формата на Фетел е поради семејни проблеми?

Главната причина за проблемите кои Себастијан Фетел ги има оваа сезона  се во „семејните проблеми“, тврди „Скај Италија“, откако Германецот повторно ќе гледа како главниот ривал Луис Хамилтон ја освојува титулата со Мерцедес.

Ферари и Фетел беа фаворити за титулата по одличниот старт на сезоната, по што следуваа низа некарактеристични грешки на Германецот, и италијанските медиуми велат дека ја имаат причината.

„Не можеме да кажеме ништо повеќе, бидејќи се работи за негови лични работи и подобро е да остане така“, изјавил аноминен извор од Ферари за „Скај Италија“.

Фетел е во долгогодишна врска со Хана Пратер, со која се познава од своето детство и која ретко е видена на Ф1 трките. Германецот го држи својот личен живот далеку од медиумите, а со Пратер има две ќеркички – четиригодишната Емили и тригодишната Матилда.

Scroll to Top