Возачот на Репсол Хонда, Дани Педроса, во пресрет на трката за Големата награда на Германија, објави дека по завршувањето на сезоната ќе се повлече од Мото ГП шампионатот.
Педроса, на прес конференција, објави дека по 18 години решил да ја заврши кариерата во Светското првенство. Шпанецот е еден од најусупешните возачи на сите времиња, според бројот на победи, 54, се наоѓа на третото место, има три шампионски титули (една во класата до 125 кубни сантиметри и две во класата до 250 кубни сантиметри).
WHAT A CAREER ?
You can’t argue with those numbers and there’s still time to add to them! ?#ThankYouDani pic.twitter.com/HQKsJxKQPp
— MotoGP™??? (@MotoGP) July 12, 2018
„Наредната години нема да се натпреварувам во Светското првенство, ќе ја завршам кариерата во кралската класа оваа сезона. Долго размисливав и со тешко срце ја донесов одлуката, бидејќи овој спорт го сакам. Чувствувам дека повеќе тркањето не го доживувам со ист интензитет како што тоа беше случај во минатите години“, рекол Педроса.
Шпанскиот возач целата своја кариера ја мина во Хонда, чии бои ги бранеше и во помладите категории. Во Светскиот шампионат, во кралската класа, дебито го имаше во 2006 година.
На местото на Педроса, во Хонда, од наредната сезона ќе вози Хорхе Лорено.