Top Sport

Педроза херојски ќе се обиде да се трка во Остин (видео)

Возачот на Хонда, Дани Педроза ќе се обиде да се трка на Американското ГП во Остин овој викенд и покрај тоа што имаше операција минатата недела.

Педроза го скрши десниот зглоб на раката при судирот во првиот круг на Аргентинското ГП откако беше „истуркан“ на влажниот дел од патеката од Жоан Зарко и беше на операција во неговиот роден град Барселона минатата недела. Иако се веруваше дека Штефан Брадл ќе го заземе неговото место, тимот објави дека Педроза ќе патува во Тексас во обид да се натпреварува.

„По операцијата се чувствував подобро со секој нареден ден и правам вежби за мобилноста и за намалување на отокот. Мускулите се тука, но одиме на тешка патека и кога ќе се качам на мојот мотоцикл ќе знам дали ќе можам да возам. Сепак, вреди да се обидам“, вели Педроза.

Шпанецот е на 12. место во генерален пласман по првите две трки од сезоната, по седмото место во Катар пред падот во Аргентина.

Фото: ЕПА

Scroll to Top