Ред Бул доминираше на првите слободни тренинзи во Баку, во пресрет на трката за Големата награда на Азербејџан. Првиот тренинг му припадна на Макс Ферстапен, а вториот на Серхио Перез.
Серхио Перез, денес го возеше најбрзиот круг 1:42.115 минути.
Задоволство, по првите тренинзи има и во гаражата на Ферари. Шарл Леклер и Карлос Саинц на првиот тренинг беа на второто и третото место, додека вториот тренинг Саинц и Леклер го завршија зад возачите на Ред Бул, Перез и Ферстапен.
По двата тренинга загриженост има во таборот на Мерцедес. Луис Хамилтон и Валтери Ботас забележаа катастрофални времиња.
На првиот тренинг Хамилтон и Ботас беа седми и единаесетти, а на вториот единаесетти и шеснаесетти.