Top Sport

Перез: Ми велеа дека е кошмар да го имаш Макс како колега, сега знам зошто

Новиот возач на Ред бул, Серхио Перез признава дека пред да пристигне во австрискиот тим слушал само лоши работи за Макс Ферстапен, но дека реалноста е „пострашна“.

Мексиканецот доби шанса да вози во Ред бул по импресивните трки со Рејсинг поинт (сегашните Астон Мартин), и во интересно видео во кое Ферстапен е до него, зборува за Холанѓанецот.

„Гледате претходно во медиумите дека Макс е навистина лош кон своите колеги. Кога ќе пристигнете тука, сфаќате зошто го велат тоа. Има причина“, вели Чеко на шега, додека Ферстапен до него се смее.

„Искрено, бев пријатно изненаден од личноста на Макс. Го познавав и претходно бидејќи се тркаме многу години, но кога сте во ист тим поминувате повеќе време заедно. Имиџот кој го има Макс како возач е многу поинаков од вистинскиот карактер на Макс“, вели Перез.

Scroll to Top