Top Sport

Перез му се закани на Ферстапен: Ако не ми помагаш, не очекувај помош од мене

Возачот на шампионите Ред бул рејсинг, Серхио Перез јасно порача дека нема да му помага на својот колега, двократниот актуелен шампион Макс Ферстапен ако почувствува дека Холанѓанецот не го прави истото за него по контроверзниот финиш на минатата сезона.

Мексиканецот повеќе пати во 2021 година беше клучен играч за Ферстапен да го победи Луис Хамилтон за титулата, но на крајот на минатата сезона, Ферстапен директно одби да му предаде место на претпоследната трка од сезоната во Бразил додека тој се бореше за второто место во генерален пласман.

„Секогаш е важно да се работи ако тим и ако видам дека не добивам поддршка кога ми е потребна, ниту јас нема да давам поддршка. Мислам дека сме на јасно за најважните работи во тимот и ќе биде многу тешка сезона со шест болиди кои ќе се борат за титулата, така што ќе биде важно да работиме како тим на повеќе трки. Оваа сезона ќе одреди многу работи – колку навистина сум добар, колку сакам да продолжам во спортот. Ова е клучна сезона за мене“, вели Перез за „ЕСПН“.

Scroll to Top