По проблематични два тренинзи пред Австралиското ГП, Серхио Перез признава дека неговиот тим, Ред бул не сфаќа што се случува со болидот и се надева дека ќе се најде брзо решение пред утрешните квалификации.
Перез беше трет по првиот тренинг, но само петти на вториот, заостанувајќи 0.7 секуни зад Шарл Леклер во Ферари, кои повторно покажаа дека се први фаворити за победа.
„Беше тешко да се извлече максимумот на меки гуми и имаме многу податоци кои мораме да ги анализираме. Некои работи не функционираат како што очекувавме и ова не беше најдобар ен за нас. Не ја сфаќаме целосно насоката со која одиме со болидот. Зборуваме за разлика од неколку десетинки кои би правеле вистинска разлика. Не сфаќаме што се случува со болидот во овој момент“, вели Перез.