Top Sport

Петер Заубер: Уште ме боли за мојот тим

Швајцарецот Петер Заубер веќе нема акции, ниту било какво учество во тимот кој го носи неговото име, но тоа не значи дека резултатите на тимот не влијаат на него. 74-годишниот Заубер вели дека падот на перформансите последните години му паднал многу тешко.

„Секако дека ме болеше. Треба да бидеме барем во средината во Ф1 како што сме биле секогаш и мислам дека тоа е реална опција. Морав да заминам од спортот, но горд сум што успеав 25 години да имам швајцарски тим во Формула 1. Денеска, Заубер е четвртиот најстар тим во Формула 1, по Ферари, Вилијамс и Мекларен“, вели Заубер.

Заубер смета дека партнерството на тимот со Ферари, односно со Алфа Ромео е одлично за тимот, и верува дека неговото име ќе остане во Ф1, и покрај шпекулациите дека легендарната италијанска компанија ќе го „збрише“ името Заубер.

„Не верувам во тоа. Можеби тоа се случува во Италија, што е океј, бидејќи Алфа Ромео е име кое носи посебна страст. Но, мислам дека Заубер ќе остане Заубер.  Имавме среќа што Серџо Маркионе и Ферари се заинтересираа за Заубер, бидејќи Маркионе е човек кој има голема репутација“, додава Заубер, кој го формираше својот тим во 1993 година.

Scroll to Top