Top Sport

Петмина од Мерцедес се селат во Ред Бул

Ред Бул, објави, дека постигнале договор со уште петмина инжинери од Мерцедес, да се преселат во нивните редови. Овое луѓе ќе имаат важна улога во развојот на моторот за наредната сезона. Ред Бул ги користи моторите на Хонда, меѓутоа јапонскиот производител од наредната сезона се повлекува од Формула 1.

Во редовите на Ред Бул, веќе пристигна еден од главните инжинери на Мерцедес, Бен Хоџкинсон. Тој ќе биде на чело на овој проект, чија база ќе биде во Милтон Кејнс.

На Хоџкинсон му се приклучија Стив Булет, Омид Мостагими, Антон Мејо, Стив Броди и Пип Клоуд. Сите имаа големо влијание во развојот на „Б6 турбо моторот на Мерцедес“.

Ред Бул најавија дека наскоро ќе биде именуван и новиот шеф кој ќе раководи со развојниот тим.

Scroll to Top