Top Sport

Петручи: Маркез заслужи казна во Муџело (видео)

Возачот на Прамак Дукати, Данило Петручи вели дека светскиот шампион Марк Маркез требал да биде казнет за нивниот судир во првиот круг на Мото ГП трката во Муџело.

По брзиот старт, Маркез влезе прешироко во првата кривина, и во следната „Луко“ кривина влезе во третопласираниот Петручи, кој мораше да излезе од патеката за да го избегне. Петручи вели дека вакви потези не треба да се толерираат по судирите на Маркез со Валентино Роси и Алекс Еспархаро во Аргентина во април.

„Јас не сум директор на трката за да кажам што треба да се направи. Видовме дека ако возач уништи трка на другиот возач треба да биде казнет. Јас бев трет, и една кривина подоцна на 10. место. Тој ме измести од патеката и среќа што имаше асфалт“, вели Петручи.

Иронично, Маркез само два круга подоцна падна, и иако се врати на мотоциклот, на крајот заврши како 16-ти.

Роси е бесен: Маркез намерно се удира во возачите!

Scroll to Top