Top Sport

Пјеро Ферари со порака до Мерцедес: Научете да губите достоинствено

Потпретседателот на Ферари и син на Енцо Ферари, Пјеро, смета дека Мерцедес се обидуваат да направат притисок до ФИА за промена на правилата за да бидат поконкурентни и им порача на Тото Волф и Луис Хамилтон да нучат да „губат со достоинство“.

„Сребрената стрела“ повторно побара од ФИА да се разгледаат техничките регулативи по нивните проблеми со „потскокнувњето“ на болидот оваа сезона, и тврдат дека промените се потребни поради безбедносни причини, поради што нема потреба промените да минат кај Светскиот совет на ФИА. Ред бул и Ферари, двата доминантни тимови оваа сезона се противат на промените и посочуваат дека проблемите на Мерцедес ќе бидат „средени“ само со зголемувањето на висинаата на болидот, но тоа ќе значи губење на перформанси, посебно во кривините.

„Ние ќе ги објасниме нашите причини и ќе се спротиставиме на ваква експлоатациј на правилата. Со години, Ферари имаа дефицит во однос на моторот на Мерцедес, но не баравме услуги или вакви скратени решенија. Ние губевме достоинствено, работевме во тишина, и нашите ривали треба да го направат истото, нели?“, вели Пјеро Ферари.

Scroll to Top