Top Sport

Почина Мансур Оџех, акционер на Мекларен од 1984 година

Саудискиот бизнисмен, Мансур Оџех почина на 68 години во својот дом во Женева, потврдија од тимот на Мекларен. Оџех беше значителен акционер на Мекларен од 1984 година како генерален директор на ТАГ, швајцарска компанија која поседува 14.32 отсто од славниот тим.

Оџех беше дел од трансформацијата на Мекларен во шампионски тим на крајот на 1980-тите години, и постојано беше спонзор и поддржувач на тимот.

„Мансур во своето срце и душа го имаше Мекларен последните 40 години и беше клучен во успехот на тимот. Тој беше вистински тркач во срцето – со натпреварувачки дух, посветеност, страст и спортско чувство. Ќе остане инспирација на сите во Мекларен во иднина“, изјави шефот на Мекларен, Зек Браун.

Scroll to Top