Top Sport

„Подобро е сега да бидам негативец, отколку идиот на крајот од сезоната“

Директорот на Мерцедес, Тото Волф, ја оправдал својата одлуката на трката за Големата награда на Русија, кога тимот му нареди на Валтери Ботас да го пушти Луис Хамилтон пред себе. Британецот на крајот победи и ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на Себастијан Фетел на 50 бода.

Хамилтон со подарок победата на патеката во Сочи, на пет трки до крајот на шампионатот, веќе ја стави едната рака на шампионскиот трофеј.

Трката во Русија беше специфична бидејќи Ботас мораше да му го отстапи лидерското место на клупскиот колега. Многумина по трката ја критикуваа ваквата реакција од тимот на Мерцедес, но шефот на тимот рекол дека не чувствува грижа, бидејќи Мерцедес ја остварил целта.

„Треба добро да ја разгледате ситуацијата. Дали, во неделата, сакам да бидам негативец од многу вистински причини, или да на крајот од сезоната во Абу Даби да бидам идиот? Подобро е да бидам негативец денес, отколку на крајот од годината да бидам идиот“, рекол Волф и дополнил.

„Ако ги гледата работите рационално, тоа беше вистинска одлука, од друга страна спортското срце вели дека не постапивме правилно“.

Scroll to Top