Лошиот старт му ја одреди трката за Големата награда на Јапонија на Себастојан Фетел. Германецот кој стартуваше од пол-позицијата остана без неа во првите 100 метри, кога Валтери Ботас го мина него и неговиот колега Шарл Лекелр.
„Светлата беа долго вклучени и згрешив. Навистина лошо стартував. Мерцедесот беше многу брз. Ботас „леташе“, Луис се обиде со едно влегување во боксот и не успеа. Се обидев да бидам добар во свиоците, каде што можеше да ми се закани. Имав голема работа да го задржам второто место“, рекол Фетел.
„Немав добро темпо така што второто место е максимум, не сум задоволен од стартот. Пол-позиција, второ место, не е толку лошо“, заклучил Германецот.